ТЕРА

REKLAMA???

МАРИЧИЌ: САМО ВО 2022 ГОДИНА 10 ИЛЈАДИ МЛАДИ ЈА ИСКОРИСТИЛЕ ЕРАЗМУС ПРОГРАМАТА

„Ги гледав бројките за Еразмус, 10 илјади само во 2022 година отишле некаде со новата програма. Претходно 30 илјади за цел период, а сега 10 илајди само во 2022 година“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на инфо сесијата „ЕУ за младите“.

Тој додаде дека стандардната позиција на денешните млади е подобра отколку за неговата генерација, бидејќи не се потребни визи и полесно може да се патува на размени и на стручно доусовршување.

„Тоа што следува на вашата генерација и за што треба да се бори се повеќе можности и поголеми успеси од тоа што ние сме постигнале“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека младите денес се борат со светот и не се ништо помалку вредни од други млади луѓе во Европа, а токму програмата Еразмус тоа го покажува.

Маричиќ вели дека македонската младина е европска младина, ја сакаме ЕУ бидејќи ни носи механизми за подобро општество.

„Македонската младина е европска младина. Сме покажале повеќе пати на дело дека знаеме и умееме да бидеме европјани на дело. Ја сакаме ЕУ, не затоа што е некаква бајка или убава приказна, туку затоа што носи механизми како да сме подобро општество, да искористиме повеќе прилики и да учиме бесплатно на најдобрите универзитети во Европа и тоа знаење да го вложиме во нашиот развој и кариера“ рече вицепремиерот.

Тој додаде дека не смееме да се откажеме од нашата европска иднина и ако работиме заедно и за членството во ЕУ ќе бидеме посилни.

„Сите нации, сите држави кои влегоа во ЕУ денес ни се пример и нашите работат таму“ рече Маричиќ.