ТЕРА

REKLAMA???

МВР ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ДА НЕ СЕ ПЛАЌА АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА ЗА ВОЗАЧКИТЕ

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно Решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година.

Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел.

МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа, стои во соопштението од МВР.