ТЕРА

REKLAMA???

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ

Поради присуство на влажна и нестабилна воздушна маса, денес и во следните денови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од Управата за хидромеоролошки работи.