ТЕРА

REKLAMA???

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Денес ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Од вечерните часови најпрвин во западните делови ќе започнат врнежи од дожд кои ќе се прошират во текот на ноќта и во останатите делови од земјата.

Под влијание на циклонска активност утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура ќе се намали. Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.