ТЕРА

REKLAMA???

МИЛЕВСКИ ЗА РЕШАВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМОТ СО ВОДОСНАБУДВАЊЕТО ВО ДИХОВО, ТРГНОВО И МАГАРЕВО

Локалната самоуправа, предводена од ВМРО ДПМНЕ, во изминатите две години, постојано работи на подобрување на условите во потпелистерието, како од аспект на подготовка на документација, така и со реализација на проекти на терен, кои се однесуваат на изградба на комплетна инфраструктура, рече денеска дирекрот на „Водовод“ Пеце Милевски на прес конференција заедно со градоначалникот Тони Коњановски, носителот на листата Сајкоски и кандидатите за пратеници Лозановска и Ангелевска.

„Проблемот со водоснабдувањето во селата Дихово, Трново и Магарево, бара голема инвестиција, за која досега и покрај испратените апликации, Министерството за животна средина, не покажа интерес за поддршка и забрзување на овој процес. Токму затоа, со поврзување на заедничките капацитети, на општината и јавните претпријатија настојуваме, да имплементираме трајни, функционални и долгорочни решенија.

Во овој дел, после инвестицијата од општината во изградба на канализациона мрежа, а пред изградбата на коловоз, јавното претпријатие „Водовод“, од сопствениот буџет ќе ја изведе новата водоводна мрежа во должина од 535,6 метри, со вредност од околу 4.000.000 денари.

Инвестицијата ќе овозможи, целосно завршување на оваа траса, навремено, пред асфалтирање на улицата, што е и во согласност со нашата тенденција за обезбедување квалитетно водоснабдување во потпелистерието, подобри услови за жителите, но и нови можности за туристички развој“ рече Милевски, кој е кандидат за пратеник.