ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ ЗА ПОПЛАВАТА ВО РУДНИКОТ СУВОДОЛ И ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека темата за која зборува денеска и во периодот кој ќе следи ќе биде актуелна и директно ќе влијае на стандардот на граѓаните, а тоа е веќе од како што рече, од страна на власта капитулацијата пред енергетската криза и ударот повторно врз џебот на граѓаните и врз стандардот на граѓаните, со тоа што од 1 јули граѓаните ги очекува нов ценовен шок, со тоа што покрај досегашните 30%  поголема цена за струја од доаѓањето на Владата на СДСМ, од 1 јули ќе имаме за жал минимум 10 процентно зголемување за сметките за струја кај граѓаните, велам минимум затоа што таа бројка сигурен сум дека ќе претрпи измени, дека ќе биде повисока, рече Мицкоски.

„Тоа што сега го чувствуваат граѓаните, индустријата, веќе тоа го чувствува од минатата година и тоа за три пати поголеми сметки доби, споредено со сметките кои што ги имаше во минатото.

И тоа навистина претставува еден шокантен став на Владата бидејќи таа на отворена сцена капитулираше пред енергетската криза, за нешто за коешто ВМРО-ДПМНЕ пред година и половина предупредуваше за време на брифинзите, но и за време на прес конференциите, дека доколку не дојде до преструктуирање и доколку не дојде до стопирање на тендерите во четири очи и крадењето денес на ЕСМ поранешно ЕЛЕМ, за жал сметката на крајот на денот ќе ја платат граѓаните.

И денеска тоа го најавуваат владините министри, тоа го најавува и претседателот на Регулаторната комисија кој што вчера во изјава тоа го кажа.  И нормално како што секогаш тоа го прават од страна на СДСМ така и овој пат се служат со лаги и невистини обвинувајќи ги општините во Македонија.

А каква е реалноста? Реалноста за повисоките сметки, не произведувањето на електрична енергија во ЕСМ сегашно, поранешно ЕЛЕМ ја прикажам низ три фотографии.  Еве ова е состојбата почитувани медиуми во РЕК Битола од вчера, гледате како овие енергетски и рударски машини кои што треба да копаат јаглен, тоа се багерите и транспортните траки, практично се поплавени со вода. Сигурно ќе го поставите прашањето, зошто се поплавени со вода? Затоа што навреме не се подготвени јамите и затоа што на време не е направено одводнувањето, затоа треба знаење, затоа треба проект и нормално затоа треба некој да има вештини. Но, за жал на нив приоритет им се тендерите во четири очи и пљачката на отворена сцена на грбот на граѓаните, наместо да работат во РЕК Битола. Е ова е ситуацијата во РЕК Битола во овој момент, удавени рударски машини  и транспортни траки кои што наместо да копаат јаглен, ние денска треба да увезуваме електрична скапа енергија. Тоа е првата работа зошто цената на електричната енергија ќе поскапи“ рече Мицкоски.