ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: ИМАМ ЛИЧНО РАЗБИРАЊЕ ЗА АКЦИЈА ЗА БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференцијата во Владата, прашан за најавите за бојкот на продавниците рече дека  има лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок поради високите цени на прехранбените производи и повтори дека институциите ја следат состојбата и реагираат кај оние трговци што генерираат висок профит.

„Тука не треба да имаме никаква дилема бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено ќе реагираат“ рече Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите.

„Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос.

Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане.

Нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството“ стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.