Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека ќе предложи до Извршниот комитет на партијата да се разгледа можноста за барање за референдум за уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот.
„Ќе собираме 150 илјади потписи за референдум за да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата, повикувам на обединување.
Ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење, односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се „за“ или „не“ се за овие измени кои Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација“ рече Мицкоски во интервју за Сител телевизија.












