Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Лондон оствари средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области.
Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство“ напиша Мицкоски на својот Фејзбук профил.












