ТЕРА

REKLAMA???

МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ОД БИТОЛА СО СВОИ БИЗНИСИ ЗА ЗАШТИТА НА ПЛАНЕТАТА

СФЕРА Интернешнал организираше панел дискусија за Зелени бизнис идеи. Млади претприемачи од Битола и околината кои развиваат иновативни идеи, се претставија со своите бизниси, со осврт на заштита на нашата планета.

„Одржуваме панел дискусија на тема „Зелено претприемништво“ каде што локални бизниси од нашиот регион ќе ги презентираат своите идеи за да можат да ги споделат со партнерите од азискиот дел од проектот. Во проектот имаме азиски партнери и европски партнери. Тајланд, Мјанмар и Бутан од Азија и од Европа Македонија, Романија и Бугарија. Тука ќе се претстават панелисти од различни продукти кои сите имаат влијание зелено, односно заштита на природата и околината“, рече Милчо Дули претседател на СФЕРА Интернешнал.

На панел дискуијата се претставија 5 панелисти: Теона Манго – Beyond Green, Никола Танчевски – Bizifay, Виктор Петровски – Bio Med,  Димитар Митревски – Bintern, и Виктор Илиев од Платформа Земи Здив. Сите ги претставија активности на нивните бизниси,  како и на некој начин помагаат да се заштити околината.

„Јас имам 22 години и го започнав Bintern пред две години, на мои 20 години и сметам дека иницијативата за основање на едно социјално претпријатие е доста важна бидејќи се решава некој општествен проблем, проблем со климатски промени. Зеленото претприемништво, односно идеи за промена на светот кон подобро, во ова време во кое што живеме се доста битни со оглед на тоа што се случуваат голем број на непредвидливи работи кои треба да ги решаваме ние младите. Младите не се иднината, тие се сегашноста и е потребно заедно да се фoкусираме на решавање на овие проблеми кои ги имаме сега, со цел во иднина да се надминат“, рече  Димитар Митревски основачот и управител на  Bintern, првата платформа која ги поврзува студентите и дипломците со компаниите за пракса и вработување.

„Претставувам една група на фирми коишто се претежно мои, иноватор сум. Работиме на повеќе проекти што имаат врска со зелена технологија, спречување на загадувањето, циклична економија итн. Последно на што се работи е финансирање на средни и големи проекти за да не сме зависни од трети страни, така што добро движиме. Накратко продуктите се за спречување на загадувањето, пример во РЕК да нема повеќе загадување, да немаме прашина, да нема прашина на градилишта, средување на косини од автопати, пошумување на пустини, соларни панели итн“, рече Никола Танчевски- Bizifay.

Теона Манго нејзината бизнис идеја ја презентираше on line . Кажа дека  Beyond Green е еколошки и оддржлив бренд основан во 2020 година. Beyond Green e место каде што животниот стил може да егзистира одговорно, така што ќе може да се ужива во модата, дизајнот, уметничкиот миг и љубовта кон нештата кои ги носиме и користиме секојдневно, на сосем одговорен начин. Тоа како што рече се однесува на козметиката, на храната, на домот и на начинот на живот стилски додатоци, кои го имаат епитетот еко. Сите производи на Beyond Green се направени од оддржливи и еколошки материјали, произведени локално, пакувањето е од рециклирана хартија/картан и целосно може да се рециклира, рече Теона Манго.

Проектот „Green Entrepreneurship and Local Culture: Youth Workers on the Move (RECALL)“ е подржан од програмата Ерасмус + на Европската Унија, програма која ги спојува Европа со Азија и Африка, и Јужна Америка.

„Ние европјаните како добри практики да ги споделими во Азија што има кај нас, но и ние да видиме идеи од Азија за да ги пренесиме тука, за да видиме како тие размислуваат. Сепак eвропските држави се како поразвиени држави спрема aзиските и ние да пренесиме некои наши добри практики, затоа тие се дојдени тука во нашата држава за што нашите млади претприемачи размислуваат, како ги развиваат бизнисите за да можат да ги пренесат идеите и нормално да ги употребат во нивните држави“, рече Милчо Дули, од Сфера Интернешнал.

„Целта е да се развијат способностите на младите луѓе особено на оние кои живеат во руралните средини во однос на претприемништвото со акцент на зеленото претприемништво. Некои од младите се заинтересирани, но тоа е сепак во зависност од тоа од кој дел на земјата потекнуваат, каде одат на училиште и некои такви фактори. Јас работам во едно од училиштата во Тајланд и е тешко, но полека со текот на времето, заинтересираноста кај младите се поткрева, ова се менува“, рече Мајкл Милам од Тајланд.

Панел дискусијата се одржа во IT Crowd Битола.