ТЕРА

REKLAMA???

МНОГУ ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

Претпладнево многу високо загадување во центарот на Битола, покажа мерната станица Битола 2. Многу високото загадување е со ПМ 2,5 честичките, а високо загадување има со ПМ 10 честичките.

Ова се податоци за состојбата во 10:00 часот.

Во истото време мерната станица Битола 1 во индустрискиот дел на Битола измери ниско загадување со ПМ 10 честичките, а нема податоци за ПМ 2,5 честичките.

Утрово многу високо загадување има во скопско Миладиновци, Тетово, Прилеп, Струмица и Берово.