Носителка на листата за пратеници во петтата изборна единица на „Левица“ е Јована Мојсоска, генерален секретар на „Левица“.
Мојсоска е од Струга, а на второто место на оваа листа е Горан Велевски, советник од „Левица“ во Советот на Општина Битола.
На третото место е Ристе Дојчиноски, на четвртото место е Ивана Петковска, а на петтото место уште еден битолчанец, советникот Гаврил Трајкоски.
На овие парламентарни избори „Левица“ има кандидатски листи во сите шест изборни единици во Македонија.
„Како најбрзорастечка партија во Република Македонија и најбрзорастечко левичарско движење на континентот, „Левица“ ќе настапи самостојно и ќе цели на двоцифрен број пратеници во Собранието на РМ – фактор кој нема да можат да го забиколат буржујските партии. На овие избори, да ја вратиме државата на народот“ рекоа од партијата кога ги доставуваа кандидатските листи во Државната изборна комисија.













