ТЕРА

REKLAMA???

МУЗИКАТА ОД ЦРТАНИТЕ И ФИЛМОВИТЕ ИЗВЕДЕНА ПРЕД БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

Најпознатите музички теми од најпопуларните цртани и филмови, беа дел од репертоарот на големиот концерт на Битолскиот дувачки оркестар и оркестарот на Државното музичко училиште од Битола. Концертот  се одржа во Центарот за култура Битола, и на истиот посетителите уживаа во темите од Кралот Лав, Frozen, Пинк Пантер, Пиратите од Карибите, Аладин и уште многу други, придружени со видео проекција.Возобновен во 2015 година, оркестарот веќе повеќе години, ја слави традицијата на овој тип на музицирање во Битола. Реактивирањето на Битолскиот дувачки оркестар е на иницијатива на професорот Марјан Бакревски.

Скоро сите членови на оркестарот се од Битола, а покрај нив неколку музичари се од Прилеп. Да потсетиме дека и претходно Битолскиот дувачки оркестар имаше неколку успешни настапи, на отворено низ Широк Сокак неколку пати, пред Центарот за култура на отворањето на “Браќа Манаки“, настап на отворањето на “Камера 300“, а сите овие настапи наидоа на одлични коментари на битолчани кои Бакревски и другите ги охрабруваа да продолжат со работата. Настапија и на 13-то издание на Фестивалот на музика од светот, потоа битолчани го паметат концертот со Јасна Димитровска кога ги оживеаа на сцена хитовите на безвремениот Френк Синатра, а пред крајот на 2022 и концертот кога публиката уживаше во хитовите на Џејмс Браун, Френк Синатра и Стиви Вондер, а во изведба на солистите Нико Ѓоргиевски, Јасна Димитровска и Тамара Стојковска.