ТЕРА

REKLAMA???

МУЗИЧКА ПРОГРАМА ЗА СЕЧИЈ ВКУС НА ЗИМСКАТА ПРИКАЗНА

62 проекти, 300 часови активна програма, музика од сите жанрови, различни театарски претстави за деца, улични перформанси, пратечка ДЏ програма низ битолските кафе барови, Новогодишен базар, се само дел од содржините на овогодинешната Зимска приказна.

Програмата се одвива пред Офицерски дом и на пешачката улица со калдрма кај Старата битолска чаршија . ОФФ програмата има улични музички перформанси на Широк Сокак.

Во текот на вчерашниот ден посетителите уживаа во Старата битолска чаршија со варено вино и звуците од групите Битолски чалгии, Милениум и Боеми.

Пред Офицерскиот дом забавата продолжи со Борче Наумовски, Еликсир бенд, група Фонтана со специјалните гости Џамбо Агушев, Даница Крстиќ и Ангел Демирев и на крај настапи Нала бенд.

Во четврток програмата продолжува со детската театарска претстава Зимска приказна, настапот на Фолтин, Groove i Corrosion, a во Старата битолска чаршија со Енис бенд, Дуо латино бенд, групите Фаворити и Бонус. До 1. јануари, Битола ќе го празнува доаѓањето на Новата 2023 година преку Зимската приказна.