Членовите на танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола учествуваа на меѓународниот танцов спортски натпревар “TDF“ во Солун, Грција . Се работи за натпревар кој е дел од Светската танцовата спортска федерација и важи за еден од најдобрите танцови натпревари во регионот според многубројните WDSF категории што на натпреварувачите им носат бодови за рангирање на светските спортски танцови листи.

Членовите на Степ Ап се натпреваруваа во повеќе категории (соло, парови и латино групи) и уште еднаш го потврдија квалитетот што го негуваат во клубот. Имено во исклучително силна конкуренција, го делеа финалниот подиум со учесниците од уште 8 други држави и ги постигнаа следните резултати: Латино група “Mini Stars“ освои прво место во “Junior All Ladies Strictly La“; Латино група “Stars“ освои второ место во “Youth All Ladies Strictly La“; танцовата двојка Трајковски Драган- Трајкова Дарија освоија трето место во “Open La Junior“ 2 и четврто место “Open ST Junior 2“; Зорица Симјановска освои четврто место “WDSF Solo La Youth“, седмо место “WDSF Solo La Adult“. Катја Козарова е петтопласирана во конкуренција “WDSF Solo La Junior 1“; Дариа Наумова освои шесто место “WDSF Solo La Juvenile 2“.
Антонија Гајтановска, Никита Ангеловски, Вања Атлагиќ, Меланија Паневска и Марија Грческа успешно го претставија клубот и покажаа дека македонските натпреварувачи претставуваат сериозна конкуренција на меѓународните подиуми.

Минатата година членовите на овој танцов клуб освоија 73 златни, 28 сребрени и 23 бронзени медали .Тука е и учеството на една нивна двојка на светското првенство во стандардни танци кое се одржа во Софија.
Степ Ап се еден од најтрофејните клубови во Македонија кој се занимава со спортски танц во рамките на Танцовата спортска федерација, а кој истовремено имал и најмногу конкуренција во дисциплините кои ги практикува.












