ТЕРА

REKLAMA???

НАД 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПРОЕКТИТЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА

5.470.000 денари доби Центарот за култура од Битола од страна на министерството за култура за реализација на проекти од национален интерес. Имаме сериозен буџет со кој што ќе можеме да реализираме и квалитетни фестивали, но и програма надвор од годишната програма на Министерството за култура, потенцираше директорката Андоновска- Илиејвски на денешната пресконференција. Битолчани ќе можат да проследат изложби, концерти,  ќе се одржат неколку фестивали, а ќе има пари и за инвестиции.

„Интернационалниот фестивал на Монодрама оваа година е поддржан со 500.000 денари. Деветата детска работилница оваа година доби буџет од 70.000 денари, 48 издание на Државната изложба 50.000 денари. Имаме уште една изложба која ќе ја преземиме од Струга, а е насловена „Фузија“ за која добивме 15.000 денари, за Монографскиот каталог по повод 40 години творештво на битолскиот уметник Драган Најденовски добивме 150.000 денари со што заедно со печатењето на каталогот ќе имаме и една ретроспективна изложба. Битолскиот уметник Стефан Малбашиќ е поддржан со 45.000 денари за изложбата наречена „Сонувајќи ја природата“ и уште една изложба на која работевме две години е изложбата на уметникот Мичо и фотографот Нашоку, ќе имаат заедничка изложба која што е поддржана од Министерството за култура со 100.000 денари“, рече Маја Андоновска-Илијевски, директор на Центар за култура-Битола.   

15- то јубилејно издание на фестивалот „Музика од светот“ ќе се реализира со буџет во висина од 1.000.000 денари, сума која како што рече директорката е најголема досега откако постои фестивалот, а интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ доби 2.200.000 денари.

Центарот за култура доби средства и за инвестиции во висина од 405.320 денари. Од нив 205.320 денари за изолација на клима-комори и 200.000 денари за клима уреди за малата сала.

„Министерството за култура имаше распишано тендер во којшто ја најавува големата реконструкција на Центарот за култура, БНТ и Кино Партизан. Тоа е капитална инвестиција. Колку што имам информација фирма од Скопје го добила тендерот и работи на подготвување на проектна документација со која што во иднина се надевам дека влегуваме во една сериозна реконструкција и она што битолчани го заслужуваат еден современ Центар за култура и театар, тоа е реконструкција која што ќе биде во фази и ќе трае, но навистина после 43 години функционирање во оваа институција и во нашите сали, верувам дека битолската публика заслужува да добие нешто посовремено“, рече Анодновска-Илијевски.  

На денешната пресконференција директорката ја најави и програмата која ќе ја реализираат со сопствени средства.