Државната статистика изброила 71.228 активни претрпијатија во 2022 година и констатирала дека за структурата на активните претпријатија според бројот на вработени со најголемо учество од 84.2 % имаат претпријатијата со 1-9 вработени.
Во извештајот кој е објавен во јуни 2024 година се вели дека со 5.9 %, следат претпријатијата без вработени и претпријатија со неутврден број на вработени (без податок за вработени), па претпријатијата со 10-19 вработени со 4.6 %, потоа претпријатијата со 20-49 вработени, чие учество изнесува 3.0 %, со 2.0 % учествуваат претпријатијата со 50-249 вработени и само 0.3 % од активните претпријатија имаат над 250 вработени.

Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејност покажуваат дека во 2022 година најголемо учество има секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли…
Број на активни деловни субјекти во 2020 година е нешто поголем од тој за 2022 година и изнесува 73 061 и во однос на 2019 година е намален за 3.8 %.

Најмногу се намалил бројот на активните деловни субјекти во секторот други услужни дејности (15.2 %, односно за 911 субјекти) и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.6 %, односно за 26 субјекти).
Во 2020 година, во однос на претходната, секторот дејности на здравствена и социјална заштита бележи зголемување на бројот на активни деловни субјекти за 1.9 %, а секторот информации и комуникации бележи пораст од 1.4 %.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82.1 % имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени, што е помал процент од тој за 2022 година.
Пет години претходно бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2015 година изнесува 70 139.

Најголемо учество во структурата имаат секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 23 843 субјекти или 34.0% и Преработувачка индустрија со 7 639 субјекти или 10.9%.
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 173 субјекти или 0.2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 160 субјекти или 0.2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 80.2% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени.
Бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2010 година изнесува 75497.

Најголемо учество во структурата имаат секторите трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 28326 субјекти или 37.5% и преработувачка индустрија со 8263 субјекти или 11.0%. Најмала застапеност имаат секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 107 субјекти или 0.1% и Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0.2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 78.5% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени.












