ТЕРА

REKLAMA???

НА ШТО НАЈМНОГУ СЕ ЖАЛАТ ПОТРОШУВАЧИТЕ

Купувањето преку интернет и остварување на правото од гаранцискиот лист и натаму се најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните. 15- ти Mарт е Светскиот ден за заштита на правата на потрошувачите востановен уште во 1983 година.   

„Во нашето советодавно биро и оваа година редовно се јавуваат потрошувачи со проблеми. Најпотенцирани проблеми во овај период односно од почетокот на годината до денес се купувањата по интернет и правото од гаранција односно гаранциски лист, односно сервисирањето на производите кое често оди долго и многу пати потрошувачите се соочуваат што нема замена за која што чекаат да биде поправен. Годинешната тема или одбележувањето на Светскиот ден на правата на потрошувачите е помош или поддршка на потрошувачите во транзиција кон позелени енергии. Со оглед на тоа што минатата година се соочивме со раст на цените на енергијата. Потрошувачите посебно тие што имаат помал буџет веќе штедат на се останато за да ги платат своите сметки за електрична енергија па затоа сметавме дека треба да им се помогни на потрошувачите да транзитираат кон поевтини, побезбедни, зелени енергии,“ рече Снежана Димитровска од Организација на потрошувачи во Битола.  

Потрошувачи пред да се одлучат да купат некој производ и услуга да разгледаат повеќе понуди, да соберат повеќе информации за производот и услугата, па и за трговецот од кој што набавуваат за да можат да донесат квалитетна одлука што и како да купат, порача Димитровска.