ТЕРА

REKLAMA???

НА 21 И 22 ЈУЛИ, ФЕСТИВАЛ НА ЖЕТВАТА ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

“Фестивалот на жетвата” е манифестација која втора година се одржува во општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава.

Од Општина Новаци велата дека токму затоа сакаат да ја афирмираат општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата.

Овој фестивал ќе биде дводневен хепенинг кој покрај забавниот дел, ќе содржи и едукативен и изложбен дел, односно ќе присуствуваат и изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна,
винарии и сл.