Синоќа министерството за здравство информираше дека од Институтот за јавно здравје е информирано дека е завршено испитувањето на брисот земен од пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници и резултатот е негативен.
Од здравство велат дека Институтот располага со доволно количество тестови за детекција на мајмунски сипаници, а тестирањето се врши по индикација утврдена од специјалист инфектолог.
Во соработка со Комисијата за заразни болести и Светската здравствена организација внимателно се следи состојбата со мајмунски сипаници во светски рамки, стои во соопштението на министерството за здравство.












