Замрзнати, но поскапи. Од денес па до крајот на месецов доматите и краставиците треба да се продаваат по цена од 95 денари за килограм, кромидот за 70, пиперките за 100 денари. Владата ги зголеми досега замрзнатите цени на овие видови зеленчук. Причината за тоа е растот на увозните цени во услови кога се уште нема продукти од домашното производство. Дел од продавачите на битолскиот пазар велат дека пред Велигден не задоволни од продажбата.

„ Не сме задоволни од продажбата, затоа што луѓето немаат пари како прво, а второ не е до нас ова се што се случува со производите. Ние не правиме заработка како што велат дека сме правеле, како што ќе ни ги донесат така ги продаваме. По 100 денари ја продаваме оваа краставица, има различни цени, има различен квалитет, така било од секогаш, ние и самите ќе ја намалиме цената кога ќе видиме дека производот е неквалитетен“, вели продавачка.

„Граѓаните уште немаат почнато пред празнично да се потрошат. Муштериите политизираат, има покрупни работи што треба да се решаваат, од 5 до 10 денари“, вели продавач.
За купувачите пак скапи се цените на производите. Почнале со подготовките за Велигден,но велат цените се високи.

„Високи се цените. Јас ги жалам оние со ниски примања. Јас сум во средните да речам, ама тгешка на оние што неможат да купат. Она основното го купивме, друг пат остануваа пари сега отиде цела пензија,“ вели битолчанка.

„ За нас пензионерите цените на производите се подносливи“, вели битолчанка.

„Сите цени се високи на производите, така што не сме задоволни“, вели битолчанец.

Со новата одлука на владата од денес Килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали до 60, килограм мандарини до 65 и килограм лимони до 60 денари. Претходно со одлука на Владата беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и на јајцата и оризот, чии цени останаа на нивото од 15-ти овој месец, замрзнати се и цените на хигиенските производи, додека на 33 денари е замрзната цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама.












