ТЕРА

REKLAMA???

НИКОЛОСКИ ГО КОМЕНТИРАШЕ ИНЦИДЕНТОТ СО БУГАРСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Палењето на влезната врата на бугарскиот културен центар денеска го коментираше потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, прашан од новинарите.

„Неодговорно е од МВР и од министерот Оливер Спасовски да седи на таа позиција со години, а безбедноста во Македонија да оди од лошо на полошо. Исклучива одговорност за овој инцидент е на МВР кое што е задолжено да се грижи за редот. Секако дека секогаш ќе има и провокатори и луѓе кои што ќе се надвор од законот, но работа е на министерството за вантрешни работи да се грижи, да има ред во државата, што не е случај овде. Дополнително ова што се случи денес во Битола е условно кажано, и државно спонзориан проект, имајќи предвид дека кога се отвораше клубот, дојде една голема бугарска делегација која што беше обезбедувана, придружувана од страна на македонската влада, и во услови кога институциите не си ја работат работата, очигледно се случуваат случаи какви што се случуваат“ вели Николоски.

По однос на бугарското вето, Николоски вели:

„Мислам дека Бугарија треба да покаже разум, и мислам дека треба да го тргнат ветото, ако сакаат да наоѓаат причини да ставаат вето, можат секогаш да наоѓаат причини како и во животото, можете да најдете причина со некого да сте пријател, можете да најдете илјада причини со некого да сте непријател. Тоа е нивниот избор, но треба да се свесни дека од нивниот однос, зависи и нашиот однос и односот на граѓаните на Македонија“ вели тој.

Николоски беше запрашан за резолуцијата на ЕПП за која што СДСМ обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржала,  а со истата се рушат позициите на Македонија.

„Па, два коментари сакам да дадам тука, прво за жал порано се боревме со лажни вести на дел медиуми кои што повеќе беа во т.н. жолта штампа отколку сериозни медиуми. А, сега создавачи на лажни вести за жал се владејачките  политички партии. Зборуваат за резолуција која што ниту ја прочитале, ниту ја виделе, ниту ја презентирале во јавноста. На пример во таа резолуција пишува и за создавањето на лажни вести, веројатно треба тој пасус малце подобро да го прочитаат“, истакна Николоски при одговарање на новинарско прашање.

Тој додаде дека во таа резолуција јасно пишува дека СДСМ ги злоупотребува судството и обвинителството за да врши прогон на политички неистомисленици.

„Мислам дека главен проблем на СДСМ во таа резолуција е што јасно пишува дека ги злоупотребуваат судството и обвинителството со цел да вршат политички прогон на политичките неистомисленици, пред се од ВМРО-ДПМНЕ, со што се потврдуваат сите наши тези дека во Македонија се води политички прогон. А, дополнително на тоа еве и уште еден коментар, мислам дека е смешно по малце и иронично СДСМ да зборува за патриотизам. Значи СДСМ, Ковачевски и Заев да зборуваат за патриотизам, луѓето кои што го потпишаа Преспанскиот договор, кои што потпишаа договор со Бојко Борисов, луѓето кои што променија Устав со цел промена на уставното име, кои што воведоа двојазичност во Македонија. И луѓе кои што потпишаа договор со Бугарија во кој што пишува дека имаме заедничка историја со Бугарија, а сите знаеме дека не е така, луѓето кои што ги рушат темелите на Македонија и прават непоправливи штети на Македонија и пред се за македонскиот народ како доминантен народ во Македонија, да зборуваат за патриотизам мислам дека е под секое достоинство и под секое ниво“, нагласи Николоски.