ТЕРА

REKLAMA???

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ, ЛИТАР ЌЕ СЕ ТОЧИ И ЗА 111,50 ДЕНАРИ

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 111,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 98,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно
остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 109,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 111,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 99,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 98,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 54,640 (денари/килограм)