ТЕРА

REKLAMA???

ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Утрово 1 степен на Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 6 Охрид, Претор, 7 Берово, Прилеп, 8 Тетово, Битола, 9 Крива Паланка, Струмица, Кавадарци, Куманово, Виница, 10 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Дебар, Штип, Гевгелија, 11 Велес, 12 Скопје-Петровец.

До утрово најмногу дожд 3 л/м2 наврнаа во Крушево, Берово, Попова Шапка, 2 Претор, Виница, Гевгелија, 1 Маврови Анови, Битола, Штип, Струмица, помалку од 1 Тетово, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Кавадарци.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, а во Пелагонија и наместа долж Повардарието повремно засилен ветер од јужен правец. Изутринава е претежно облачно, наместа дува слаб ветер од јужен правец.

Времето денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде што ќе имаат пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Во Битола до 13 стеени.