Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Куманово 52 л/м2, потоа 47 Попова Шапка, 42 Тетово, 40 Пожаране, 34 Скопје-Петровец, 33 Прилеп, 32 Крушево, Скопје-З.Рид, 26 Маврово, 24 Виница, 22 Охрид, 18 Претор, 17 Штип, 16 Лазарополе, Ѓуриште, 15 Тополчани, 11 Д.Капија, 10 Кр.Паланка, 8 Битола, 6 Струмица, Гевгелија, 5 Берово, 4 Дојран.
Во текот на ноќта имавме сблачно време со врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.
Денеска претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Битола до 19 степени.












