Минимални измерени температури утрово: -1 степен во Попова Шапка, 0 Маврови Анови, 1 Крушево, 3 Лазарополе, 4 Битола, Берово, 5 Прилеп, 6 Тетово, Охрид, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 7 Велес, Кавадарци, Крива Паланка, 8 Скопје-Петровец, Струмица, 9 Штип, Виница и 10 степени во Гевгелија.
Наврнат воден талогза изминатите 9 часа до 16 часот (во l/m2) : 38 Крушево, 33 Кавадарци, 32 Попова Шапка, 31 Маврови Анови, 30 Тополчани, 19 Битола, 17 Прилеп, 14 Берово, 12 Лазарополе, 10 Гевгелија, 9 Велес, Струмица, 6 Тетово, Виница, 5 Скопје – Зајчев Рид, 3 Штип, Пожаране, Охрид.
Висина на снежна покривка (во см): 68 Маврови Анови, 51 Попова Шапка, 25 Лазарополе, 5 Берово.
Времето денес – облачно со повремени врнежи, особено во западните и јужните делови пообилни. Во пониските места врнежите беа од дожд. На планините и на повисоките места врнежите беа од снег и се зголеми и прошири снежната покривка особено во западниот дел од земјата. Дуваше слаб до умерен ветер од северен до североисточен правец кој најпрвин засилуваше на североисток, а потоа долж Повардарието.
До крајот на денот – облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови пообилни. На планините и на повисоките места во западните делови со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен од северен правец.
Утре наутро умерено до значително облачно со појава на слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Битола облачно време со услови за дожд и снег. Температурата ќе се движи од 3 до 5 степени.
До средината на неделата времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка постепено ќе се намалува. Наоблачување со појава на повремен дожд, а на планините и дел од повисоките места од снег ќе има во ноќта кон четврток и потоа преку денот.











