“Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”…се дел од стиховите од рефренот на последната отпеана песна од нашата најголема македонска музичка ѕвезда Тоше Проески.
“Kажу да време лечи све” ( Велат дека времето лечи се), е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема да го здогледа светлото на денот. Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка. Затоа токму баш сега, во овој момент, по толку години песната ќе доживее свое издание. Оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител , диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како (диџеј Ерик Фокс).Toj одлучува демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Првата демо снимка е направена во септември 2004та година во домашното студио на Кирил. Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди.
За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид Гета, Ед Ширан, и многу други. Најголема благодарност Кирил изрази до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект.
Момчето “љубов”, момчето “енергија” пред 43 години дојде на овој свет и со својата магија во гласот, харизмата, шармот, скромноста, добрината и хуманоста успеа да допре до милиони срца и разубави стотици детски животи. За жал Тоше прерано не напушти и загина во сообраќајна несреќа.












