Општина Битола објавува јавен повик за учество во акција за дооформување на средно образование за возрасни лица Роми од Општина Битола. Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Повеќе информации во врска со овој јавен оглас има на интернет страницата на Општина Битола.
Исто така Општина Битола објавува јавен оглас за ангажирање на консултант и тутори за поддршка на ученици Роми од 2ро, 3то и 4то одделение во основно образование во Општина Битола.
Оваа активност се имплентира како дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Повеќе информации во врска со овој јавен оглас има на интернет страницата на Општина Битола.












