ТЕРА

REKLAMA???

ПАНИХИДА ЗА ЖРТВИТЕ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД КАЈ МОСКВА

Членовите на здружението за Македонско – Руско пријателство „Александар Аркадиевич -Ростковски” од Битола и Сојузот на Руско-Македонско пријателство денеска одржаа молитвена панихида пред симболот на руската заедница во градот и државава.

„Се собравме овде денеска да изразиме сочувство и молитвена памјат за сите убиени во овој грозоморен терористички чин што се случи во Москва, да се помолиме Бог да ги прими нивните души во рајските населби од царството свое“ рече претседателот на битолското здружение Драган Анастасовски.

„Со овој чин сакавме да дадеме сочувство до семејствата на загинатите и целиот руски народ и да порачаме дека во овие тешки моменти тие не се сами“, вели Драган Романски, претседател на Сојузот на здруженија за Руско-Македонско пријателство.

Вооружени напаѓачи во петокот вечерта ( 22.03.2024г), прд почетокот на концертот на руската група „Пикник“ упаднаа во концертната сала „Крокус сити хол“ и со огнено автоматско оружје пукаа кон присутните, подметнаа и пожари. Според официјална Москва, во нападот загинале 137 чица, 185 се повредени, а многу од нив починале и заради труење со чад.