Во рамките на 24. коло од Втората фудбалска лига, Пелистер го победи „фенерџијата“ на табелата, екипата на Борец од Велес со резултат 4-0 (1-0). Стрелец на три гола беше Спиркоски кој погоди во 34. минута од првото полувреме на асистенција на Маневски, во 57. минута по слободниот удар на Љамчевски и во 67. минута.
Благој Љамчевски реализира во 62. минута.
По 24 одиграни кола Пелистер на четвртото место со 50 бода. Лидер е Воска Спорт со 57 бода, Вардар е втор со 55, а на трето место е Гостивар со 55 бода.












