ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ГО НАДИГРА ТФТ И ГО ОСИГУРА ВТОРОТО МЕСТО ПРЕД ПЛЕЈ-ОФОТ

КК Пелистер – ТФТ Mozzart 92-69

Во дербито на 21 коло, во Битола, Пелистер не дозволи никакво изненадување. Имаше постојано водство против скопските „црно-бели“, и на крајот, тоа го претвори во победа od 92-69, која ги „зацементира“ на втората позиција, а во исто време и ги „држи“ во игра за највисоката во случај на кикс на лидерот МЗТ Скопје Аеродром во дуелот против Феникс 2010.

Освен стандардно добрата игра на Хаџифејзовиќ (мечот го затвори со 21.реализиран поен), во второто полувреме поентерски „се отворија“ и другите стартери како Стајиќ (17 поени) и Карпентер (13), а особено тоа се однесува за „резервистот“, Силаџи, кој за релативно кратко време комплетираше ефект од 16 поени и 5 скока.

Кај гостите, покрај Костоски, кој заврши со 17.поени (плус шест скока и пет асистенции), некогашниот играч на Пелистер, Хотон дојде до дабл-дабл учинок од десет поени и исто толку скока, а Андерсон и покрај лошиот шут за три поени, даде 12.
По ова коло, Пелистер го осигура второто место со скор 17-4.