Кошарка
Плеј-оф финале
(четврти натпревар)
КК Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 93-102
Четвртиот натпревар од финалната серија на плеј-офот, втор во Битола, донесе исто така големи возбудувања, како на претходниот одигран во салата „Боро Чурлевски“. Но сега со поинаков епилог и победа на МЗТ Скопје Аеродром. Со триумфот од 93-102 гостите од Аеродром ја завршија серијата во своја полза со 3-1 и ја одбранија титулата.
Најдобар играч на натпреварот беше Немања Милошевиќ од МЗТ со 31 поен на своето конто и подоцна беше прогласен за МВП на финалната серија. Кај пелистерци се истакна Малешевиќ со 21, додека Кесар уфрли 19 поени.












