Пелистер и Вардар ќе играат на третиот меморијален натпревар во спомен на Трајан Кочишки – Куља на 31 јули во 17:30 часот во селото Црно Буки.
Најголемите мак-ривали ќе се судрат како увертира за следната сезона, во која големото дерби ќе го играат во вториот ранг на фудбалот.
Досега во претходните две изданија на меморијалниот натпревар, домаќинот Црно Буки организираше дуел со ветераните на српски Партизан, а во ланското издание играше против Тетекс.












