Актуелниот претседател Стево Пендаровски на својот Фејзбук профил напиша дека во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на неговата кандидатурата за втор мандат на претседателот на државата.
„Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот, на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател“ напиша Пендаровски.
Во соопштението се посочува дека продолжува собирањето потписи и во наредните часови и денови.











