На прес конференцијата на СДСМ за работата на ЈП „Паркинзи“ Битола, со реакција се огласија од ВМРО ДПМНЕ.
Мораме да бидеме чесни и искрени пред Вас и затоа со оваа прес – конференција ќе Ви предочиме неколку факти, вели Зоран Петковски, советник од ВМРО ДПМНЕ.
„Прво, повеќе од очигледно е дека советничката од СДС, се дрзна да изнесува податоци во јавноста, кои не и се јасни и за кои нема никаков поим.
Тоа е така, заради фактот што покажа елементарно непознавање од економија, а и проста логика, но најмногу загрижува фактот што и авторот на текстот – напишал само гол политички памфлет, надвор од елементарната политичка култура и познавање на вистинските состојби, со единствена намера јавноста – Вие почитувани граѓани, да бидете излажани и изманипулирани.
Тоа не е ништо друго туку, туку бедна импровизација, тенденциозност и отсуство на личен интегритет.
Почитувани, фактите за ЈП Паркинзи се следните:
– енормно зголемени трошоци за енергенси, исклучиво заради очајно лошото справување на Владата на СДС и ДУИ со енергетската криза
– возилата се стари и амортизирани и во лоша експлоатационата состојба со бројни дефекти.
– минатата година два пати се зголемија платите на вработените.
– цената на паркингот е намалена, а не е зголемена, а укинувањето на петнаесетте минути се потврди како најдобра мерка за зголемување на ефикасноста на контрола на наплатата.
Очигледно почитуваната колешка советничка ја преспала седницата на која Советот ја донесе оваа одлука или не ја разбрала истата. Друга причина да зборува невистини и лаже не постои.
– факт е дека токму заради своеволие и лични интереси – подвлекуваме, на сопартијци на “храбрата” и збунета советничка, еден од затворените паркинзи работеше и работи со загуба, а во моментов се работи на изнаоѓање решение за овој проблем.
– половина од загубата отпаѓа на амортизацијата која е економско-сметководствена категорија и сигурни сме дека има барем еден во локалното СДС, да и објасни на советничката што значи тоа, пред уште еднаш да се дрзне да излезе и јавно да зборува за она што не го знае.
На крајот, вистински се надеваме и ги разбираме СДС за хипокризијата која што страшно ги има зафатено како партија, дека сепак ќе смогнат сили и нема да бегаат од седници.
Ќе се погрижат да делуваат конструктивно и во интерес на граѓаните, во интерес на општото добро на Битола, а не арогантно да ја потценуваат јавноста снимајќи невистини наместо прес- конференции по аглите на нивните партиски кутлуци.
Битола е нашиот највисок интерес, остануваме во максимална заложба да ги поправаме и унапредуваме сите области, кои СДС само во четири години ги демонтираше од темел.
Економската криза, падот на стандардот, тешките услови ќе се променат само со промена на власта на СДС, која ќе ја направиме заедно со вас почитувани граѓани.
Исклучиво само предвремени парламентарни избори се решение“ рече Петковски.












