ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТРУШЕВСКИ: ЗАТЕКНАВМЕ НАБАВЕНА НОВА ОПРЕМА, А НЕ СЕ КОРИСТЕЛА

Информативна посета на РЕК Битола. Претставници на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола информираа околу актуелните состојби и подготовки на Комбинатот во пресрет на грејната сезона.

Беше кажано дека во претстојната грејна сезона, новите раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола влегуваат со извршена сеопфатна анализа на актуелните состојби во рударско енергетските комбинати.

Набавката на електрична енергија што се врши во моментов, ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба во рудниците и хидроакумулациите, како и да се извршат потребни сервисни активности на дел од постројките. Со тоа ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во текот на грејната сезона.

„Планираме ископот на јаглен да биде од своите потреби и во иднина треба да работиме на тоа да ја редуцираме таа потребата од надворешната механизација. Во оваа прилика сакам да кажам дека како раководство затекнавме една состојба на набавена нова рударска опрема, а воопшто не е користена со години, односно набавена е пред три години за околу 17 милиони евра, а истата таа воопшто не била  користена и била паркирана во хангарите на комбинатото.

Со натчовечки напори, со реорганизација на раководството, односно работите и вработените успеавме за само неколку дена да ја вратиме оваа рударска опрема во функција. Со тоа сметаме дека воопшто не било чесно да биде набавена нова рударска опрема, а да стои во гаражите.

Се надевам дека со ставањето во функција на оваа опрема би ги намалиле трошоците, односно потребата за надворешните  компании за околу 30 проценти и исто би го намалиле и трошокот за ископ на јаглен и јаловина“ рече директорот на РЕК Битола, Тони Петрушевски.