ТЕРА

REKLAMA???

ПЛАНИНСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ОДРЖЛИВА ИДНИНА – ИНОВАЦИИ, АДАПТАЦИЈА И МЛАДИ

Денеска светот го одбележува денот на планините – дом на 15% од светското население и живеалиште на повеќе од половина од живиот свет на земјата.  генералното собрание на обединетите нации го прогласи 11 декември за меѓународен ден на планините. од 2003 година, денот се одбележува секоја година за да се слави и подигне свеста за важноста на планините.

Низ бројките на организациајата на храна и земјоделство на ОН – ФАО, планините покриваат над една четвртина од земјината површина, тие се домот на речиси милијарда луѓе и четвртина од копнените животни и растенија во светот и тие обезбедуваат околу 70% од свежата вода во светот.

Планините на планетата се дом на повеќе од половина од копнените животински и растителни видови во светот, планинските шуми се директен извор на храна, приход и засолниште за луѓето коишто  обезбедуваат енергија за греење и готвење за 2,6 милијарди. Планините со шуми се клучни за ублажување на климатските промени, апсорпција на јаглерод диоксид од воздухот, складирање на повеќе од половина од глобалниот јаглероден фонд во почвите и вегетацијата и регулирање на врнежите. Ако се управуваат одржливо, шумите се исто така извор на обновливи суровини, помагајќи да се изгради економија која и овозможува на природата да се регенерира.

Празниците вообичаено се моменти од секојдневието во кои светот се потсетува на некои важни аспекти од сопствениот живот. Така, годинава ООН потсетува дека планините се под закана од климатските промени и од човекот – колку повеќе зборува за „аут-дор“ / активности надвор, долку повеќе ја зголемува контаминацијата на планините, а не запира ниту експлоатацијата на планините.

Ако во текот на минатаа година се одбележуваше враќањето на некои од видовите и реставрирање на еко-системите, годинава пак се предупредува дека : „Планинските глечери се топат што влијае на резервите на слатка вода низводно, а планинските нации  – некои од најсиромашните во светот – се соочуваат со уште поголеми борби да преживеат. Расчистувањето на шумите за земјоделство, населби или инфраструктура може да предизвика и предизвикува ерозија на почвата, како и губење на живеалиштата. Ерозијата и загадувањето му штетат на квалитетот на водата што тече низводно и на продуктивноста на почвата. Всушност, над 311 милиони рурални планински луѓе во земјите во развој живеат во области изложени на прогресивна деградација на земјиштето, од кои 178 милиони се сметаат за ранливи на несигурност на храна.“

Овој проблем не засега сите нас и нас, жителите од под планината Баба со врвот Пелистер.

ФАО и ООН препорачуваат дека за да се променат нештата, човештвото треба да го намали својот јаглероден отпечаток. Овој Меѓународен ден на планината 2024 година (IMD 2024) се фокусира токму на капацитетот и потребите на своите луѓе преку троен пристап: „Планински решенија за одржлива иднина – иновации, адаптација и млади“.