Здружението на пензионери од Битола ги известува пензионерите од Општина Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, кои се заинтересирани да учествуваат на пензионерските спортски игри 2024 година, да се пријават во Стручната служба на Здружението на пензионери Битола или на е-маил најдоцна до 31.03.2024 год. за следните дисциплини:
– Пикадо
– Табла
– Домино
– Фрлање на ѓуле
– Трчање мажи на 80 м.и жени на 60м. до 60 год и над 60 години
– Стрелаштво
– Фудбал
– Кошарка
– Скок во место
– Шах
– Teгнење на јаже
За сите наведени дисциплини може да се јавуваат жени и мажи пензионери. Селекција на најдобрите ќе врши комисијата за спорт при Здруженито на пензионери-Битола по одржани повеќе тренинзи.












