ТЕРА

REKLAMA???

ПОВТОРНО СЕ СНИМА „ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“ , БАЛКАНОТ ВООДУШЕВЕН

Српските медиуми не ја пропуштија можноста да информираат дека започнало снимањето на продолжението на една од најпопуларните југословенски серии „Жикина Династија“ со новото име насловено „Враќањето на династијата Жика“.  Информацијата вирално се прошири, па , стигна и до нас.

Серијата долгометражни филмови започна во минатиот век – далечната 1977 година бил снимен првиот од серијата, последниот во 1992 година. Филмовите биле популарни во сите држави кои произлегоа од Југославија, а и во соседството на таа земја – Бугарија, Албанија, дури и во Италија ( иако не е потврдено дали иселениците од овие земји ги однеле различните цд-а и двд-а таму па им ги прикажувале на соседите.)

Во 15 години филмовите се промениле иако авторите биле истите, првиот „Луде Године“ – тинејџерска драма во која првпат се отвориле темите абортус и сексуално однесување на тинејџери преку љубовната приказна на Бобо и Марија. Појавувањето на дедовците на Бобо – едниот пример на работничка помалку образована класа која живее и работи во Германија а парите ги трошо во Југославија , другиот едуциран, што би рекле битолчани „градски такаа“ кому се’ му е мрско ја претставуваше манифестираната класна поделеност во општеството во кое сите беа исти. До крајот на серијата „Жика“ И „Милан“ стануваат први другари кои го спасуваат својот внук Миша од налетот на модерното време поврзано со сексуалноста. Работено според моралните вредности на тоа време, серијата филмови ги исмеваше сите општествени појави на државата која надвор од филмовите се распаѓаше по сите шавови. Во 1991 година се случи вооружен напад на Плитвички езера и заедничката држава се распадна. По десетина години, до денес, во сите држави на некоја од телевизиите, преку пиратски ДВД-а или пиратски интернет страници – може да ја гледате серијата. Или сегменти од неа на YouTube, како што ние сега користиме само во информативна и едукативна цел.

Секое од продолженијата имаше свое име, најпопуларната и најгледаната „Жикаова династија“ од 1985 година останала во колективната меморија иако, според некои филмофили кои ги консултираат српските портали, серијата не е влезена во врните кинематографски дела на српската филмска индустрија.

Во „Враќањето на династијата Жика“ главната улога ја толкува Никола Којо, кој по триесет години се враќа на ликот на Михајл Миша Павловиќ, кого го играше и во оригиналната продукција на филмот на Зоран Чалиќ. Се планира Враќањето на Жикина династија во српските кина да го има следната есен.