Битолската полиција соопшти дека на 22.06.2022 во 13.50 часот во близина на с.Буково, битолско, билo пронајдено дете за кое во 12.26 часот во СВР Битола неговиот татко од Битола, со живеалиште во Германија, пријавил дека околу 10.30 часот се оддалечило од домот во с.Буково.
Подоцна, во 16.00 часот во СВР Битола, тој пријавил дека по кажување на синот, едно лице го повело и потоа го оставило покрај реката.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на полицијата.












