ТЕРА

REKLAMA???

ПОЛИЦИЈАТА СО АПЕЛ ЗА ДОСТОИНСТВЕНИ МАТУРСКИ ПРОСЛАВИ

Со цел достоинствено прославување на матурските вечери, без безбедносни последици на матурантите СВР Битола со апел до матурантите:

–   да не се користи алкохол и психотропни супстанции,

–   да се почитуваат правилата за возач почетник,

–   да не се управуваат моторни возила без положен возачки испит или под дејство на алкохол и психотропни супстанции,

–   да не се доведуваат до конфликтни ситуации и физички напади,

–   да не се употребува огнено оружје и пиротехнички средства,

–   и потребно е максимално да се почитуваат законските правила и прописи.

На крајот од апелот велат дека за безбедноста на сите, секој е одговорен.