На 28.11.2022 во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода три лица од Битола на возраст од 23 до 42 години.
Тие се сомничат дека извршиле кражба во отпад во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а едно од лицата било барано и со потерница за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „кражба“ на подрачјето на Битола.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, а останатите две лица биле задржани во полициска станица.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели со соопштението на битолската полиција.












