Утре Советот на Општина Битола, ќе одржи вонредна седница на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.
„Ќе покренеме иницијатива за обезбедување на 500.000 денари како првична помош од локалната самоуправа, во границите на нашите можности“ рече Коњановски.
Тој соопшти и дека тимот од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола со 5 членови се вклучи во спасувачката мисија во подрачјата погодени од земјотресот.
Доколку се појави потреба, во целосна подготвеност за интервенција се и високопрофесионалните екипи на ТППЕ Битола кои се обучени за спасување од урнатини и земјотреси, рече Коњановски.












