ТЕРА

REKLAMA???

Поплавен патот за Грција кој минува низ битолското село Кравари

Вечерва, по обилните дождови, поплавен е патот кон Грција што минува низ битолското село Кравари.

Обилните дождови создаваат сериозни проблеми за локалното население.

Обилните дождови чиј интензитет не се намалува, поплавија земјоделски површини во ова битолско село, а жителите стравуваат од поплавување на куќите и приземните објекти.

Од фотографиите коишто мештаните ни ги испратија предмалку може да се види каква е состојбата на терен во моментов.

Од Општината Битола преку соопштение информираа дека мобилизирани се екипи од „Битолско поле“, „Водовод“, „Стрежево“ и ќе се интервенира во Кравари, во Канино, Лера, Горно Српци, на река Црна, потесното и поширокото градско подрачје на општината.