“ВО ЖАН МИТРЕВ ДИЈАГНОСТИК БИТОЛА ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ Е НАШ ПРИОРИТЕТ ! Без разлика дали ви е потребен превентивен преглед , контрола на здравствената состојба или специфична дијагностичка анализа , ние сме тука за вашата сигурност, порачуваат од ЖАН МИТРЕВ ДИЈАГНОСТИК БИТОЛА
Во Месец септември, секоја година, се одбележува ДЕНОТ НА СРЦЕТО со цел ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗАБОЛУВАЊА НА СРЦЕТО И КРВНИТЕ САДОВИ.
Голем дел од кардиоваскуларните болести може да се спречат со здрави навики, како правилна исхрана, физичка активност и редовна контрола на крвниот притисок, затоа што високиот крвен притисок влијае не само врз срцето, туку и на бубрезите и мозокот, и во комбинација со нерегулиран дијабетес претставува дополнителен ризик за развој на срцеви, мозочни и бубрежни заболувања.
Д-р Енвер Идоски е специјалист интернист , супспецијалист кардиолог во Болницата Жан Митрев во Скопје, повеќе од 20 години. Од досегашното искуство , низ минатите години, во грижата за пациентите ни пренесува колку сите ние го превентираме нашето здравје и дали редовно и навремено правиме превентивни прегледи или чекаме до „последен момент“ !











