Утрово 0 степени на Попова Шапка, 4 Берово, Лазарополе, 5 Маврови Анови, 6 Струмица, Гевгелија, 7 Тетово, Крушево, 8 Претор, 10 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово, Дојран, 12 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Виница.
Во текот на ноќта и утрово имавме променливо облачно и ветровито време. Дуваше слаб до умерен, а на повеќе места повремено засилен ветер од јужен правец (во Прилеп над 50 км/час, во Штип и Крива Паланка над 60 км/час).
Времето денеска променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/ч). Попладне во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени. Во Битола до 20 степени.












