ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО ИСТОЧНИТЕ И СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ

Денес од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните и северните делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност.

Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.