ТЕРА

REKLAMA???

ПОСКАПУВААТ НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,16%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,337 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,673 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,673 (денари/килограм)