Информацијата за неговата смрт ја објави приватната клиника „Неуромедика“ на својот официјален фејсбук-профил.
„Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.
Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на “НЕУРОМЕДИКА”.
Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето. Вечна му слава“ стои во објавата.
Угриновски беше роден на 2 октомври во 1945 година. Специјализирал неврохирургија во Скопје во 1975 година и завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје, Манчестер и Братислава. Докторирал во 1986 година.
Угриновски беше долгогодишен претседател на Федерацијата на планински спортови на Македонија.












