„Добро утро Битола“, вака вчера градот го поздрави битолска „Нискогардба“, со фотографија од новиот реконструиран мост.

Темата со мостовите е чувствитена. Еднаш за подбив за еден друг мост, а другиот пат големи критики за блокада на центарот на градот со тој кај Безистенот. Но, да се вратиме во Јенимаале.
Од „Нискоградба“ велат дека согласно програмата на Општина Битола и „Нискоградба“ од вчера жителите на населбите „Кланица“/„Карпош“ и „Јенимаале“ се поврзани со реконструираниот нов мост.
Стариот мосто беше општетен. Следен мост кој ќе се реконстуирира е железниот мост кај рибарниците чија подлога е дрвена, а во договорот вреден 1,2 милиони денари влезена е реконструкција и на други мостови, а работите ги изведува „Нискогардба“.












